Според последната белешка

Реформите во основното образование се во согласност со препораките на Светска банка, тврдат од МОН

Предложените реформи во основното образование се во целосна согласност со препораките на Светска банка, објавени во последната белешка која се однесува на основното образование во Северна Македонија. Светска банка препорачува создавање подобар образован систем во кој учениците ќе бидат во фокусот, а наставниците ќе добијат поддршка, како и подобрување на условите во училиштата со што ќе се обезбеди инклузивен пристап, информира Министерството за образование и наука.

Од таму посочува дека предложената концепција за основно образование предвидува развој на критичкото размислување кај учениците, како и поврзување на знаењата низ различни дисциплини низ интеграција на предмети, што е препорака и на Светска банка.

„Преку наставната програма учениците мора да се стекнат со вештини што им се потребни за да се развие нивното критичко мислење, како и да бидат активни и релевантни учесници во општествениот живот. Исто така, треба да им се помогне на учениците подобро да ги поврзат различните предмети и да го применат своето знаење во реални ситуации. Процесот на учење треба да биде организиран на начин што овозможува да им се слушне гласот на сите ученици и врз основа на повратните информации, да бидат свесни за постапките што ги презеле, стои во документот на Светска банка“, наведува МОН во соопштението.

Според Банката, додава МОН, инвестирањето во основното образование е докажано дека дава поголеми резултати споредено со подоцнежните степени на образование и обука и има одлучувачки придонес во развојот на човечкиот потенцијал. Министерството наведува дека во своето писмо тие се осврнуваат на важноста за обезбедување кариерен развој за наставниците и дека тоа е веќе предвидено со реформите.

„Наставниците се срцето на процесот на учење и треба постојано да се поддржуваат и зајакнуваат. Оваа поддршка значи овозможување за напредување во кариерата како основа за градење капацитети и обезбедување постојан професионален развој, така што ќе можат подобро да ги утврдат и да ги разберат потребите за учење на учениците, особено на оние во ризик. Сите овие чекори треба да им помогнат на наставниците да станат подобри и поефективни едукатори, стои во белешката на Светска банка“, посочува МОН во соопштението.

МОН додава дека во сите овие елементи, кои се дел и од предложената реформа за основно образование, според Светска банка ќе се намалат последиците од ковид-19 врз образованието, а кризата ќе се искористи како можност за напредок.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе