Правото на студентска стипендија може да се продолжи од денес до 30 октомври

Студентите од втора и повисоки години на студии од денеска до 30 октомври може да го продолжат правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години доколку ги исполнуваат договорните услови. 

Во наведениот рок корисникот на стипендија треба да ги достави потребните документи до Министерството за образование и наука – Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, Уверение за положени испити со успех од претходните години. 

Треба да поднесе и УППИ-образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 отсто односно 90 отсто (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија. 

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на e-uslugi.mon.gov.mk. 

За информација или прашање во врска со остварувањето на правото на стипендија студентите може да се обратат на мејлот: [email protected].

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе