Прашањата за екстерниот испит на средношколците ќе бидат од материјалот учен до март

Сојузот на средношколци информира дека на остварената средба со премиерот Димитар Ковачевски е договорено поради штрајкот на наставниците и материјалот за учење за екстерниот испит да биде заклучно со март.

„Со претседателот на Владата се согласивме дека прашањата за екстерните испити ќе го опфаќаат материјалот заклучно со март со што не е опфатен периодот кога беше штрајкот на образовниот кадар. Сојузот презема одговорност да се обрати до оценувачките комисии доколку на испитите се јават прашања од наставниот материјал после март. За сите средношколци кои можеби ќе бидат спречени да полагаат матурски испити поради ковид-19, Сојузот издејствува институциите да спроведат дополнителна испитна сесија“, соопшти Сојузот на средношколци и нагласува дека останува посветен на остварувањето на средношколските права во согласност со интересите на сите средношколци.

Од Сојузот велат дека прашањата за екстерните испити се соодветни на испитите од минатите години, кои се објавени на веб страницата на Државниот испитен центар.

Што се однесува на проектната задача, велат дека рокот за изработка е веќе продолжен и 1.598 ученици кои сѐ уште немаат завршено со овој, клучен дел од матурскиот испит, ќе имаат можност тоа да го сторат до понеделник, 16 мај.

За интерните испити пак, се инфомира дека е издејствувано наставниците и годинава да се креираат банки со прашања кои ќе бидат споделени со учениците најмалку три недели пред денот на испитот.

И коефициентите за (не)соодветност на испитите при пресметувањето на поените од минатата година ќе бидат задржани и за оваа година.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе