Командирот на противпожарната единица

Пожарот во тетовската модуларна болница го гасеа над 30 пожарникари, извлекуваа и починати и живи луѓе

Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но нагласи дека не би можел да каже за бројки на загинати и повредени, зашто тоа треба и официјално да биде потврдено.

„Во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во Медицински центар – Тетово. Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место со околу седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни. Екипите кога пристигнаа, се беше во пламен. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено во 21 часот и 30 минути е локализиран пожарот. Во 21 часот и 45 минути е ликвидиран комплетно. Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви, некои заедно со креветите. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Мислам дека има уште една жртва онде што седи, таа е проверена, најверојатно е и почината. Но, има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации. Службите ќе го средат тоа“, изјави Трајчевски.

Според него, пожарот е изгаснат моментално, а употребени биле сите расположливи средства. Проблемот е, како што рече, што материјалот од кој се изградени модуларните болници брзо гори бидејќи не постои ѕидан материјал, но можно е и кислородната инсталација да придонела за експлозивно ширење на огнот.

Во тек е увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе