ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Пожарникар од Куманово: Дали и на кого му смета општинскиот штаб за заштита и спасување?

Борис Станковски, пожарникар-спасител вработен во ТППЕ Куманово и член на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) во отворено писмо до министерот Венко Филипче се сомнева во релевантноста или „ненамерната“ грешка на тестирањата од Институтот за јавно здравје според кои сите членови на општинскиот штаб биле заразени од коронавирусот, а сите други подоцнежни тестирања дале негативни резултати.

Еве што вели Станковски во отвореното писмо:

„Бев тестиран за вирусот ковид-19 на 12 април, заедно со останатите членови на општинскиот штаб по барање на епидемиолог. Тогаш беа извршени повеќе тестирања и на мои колеги пожарникари кои работевме на дезинфекција во ризичните зони зафатени со епидемијата во градот како и дополнително на дистрибуција на хуманитарни пакети за социјално загрозени сограѓани.

На 16 април ги добив резултатите и за жал тестот ми беше позитивен на вирусот. Исто и двајца мои колеги излегоа позитивни на вирусот. Владата на 24 април ја донесе одлуката за задолжителна самоизолација после тестирање на секој тестиран граѓанин. Значи не сум имал никаква обврска да се самоизолирам во периодот од 4 дена од моментот на трстирањето до добивање на резултатот, а притоа немав никакви симптоми (температура, кашлање,главоболка...).

Од 16 до 30 април бев во самоизолација со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, иако немав никакви симптоми на болеста. Останав дома пред сѐ плашејќи се за сопствениот живот и животите на своите најблиски.

Поминав низ голем страв и дополнителен стрес гледајќи по медиумите сѐ што се говори за болеста и третманот и искуствата на заболените.

По извршените тестирања од Центарот за јавно здравје и на сите останати мои колеги од цела смена и по добивање на сите негативни резултати, почнува полека да ми станува сомнителна целата ситуација. Значи не може од 11 луѓе, 10 да се негативни, а само јас да сум позитивен. Притоа во периодот од 12 до 16 април имам одено две смени на работа по 12 часа и замислете на никого не сум ја пренел болеста, сите негативни. Имам во тој период и една интервенција на пожар. Друга сомнителна ситуација е во објектот каде што се сместени хуманитарните пакети за социјално загрозените граѓани, исто и таму со сите кои сум имал контакт сите излегоа не тестирањето негативни, само јас позитивен. Исто така и моите родители дома немаа никакви симптоми.

Во периодот на самоизолацијата направив два контролни теста од ЦЈЗ и двата се негативни.

Во меѓувреме во периодот на самоизолацијата на 26 април направив дополнителни тестови на ковид-19, уредно почитувајќи ги сите протоколи, на домашна адреса дојде мобилна екипа од болницата Аџибадем Систина на мое барање, и тоа ПЦЕ и серолошки тест и моите резултати беа негативни на сѐ (пцр негативен, антитела ИГМ, ИГГ негативни).

Според резултатите од тестовите ниту сум имал контакт со некој што го има вирусот ковид-19, ниту вирусот бил присутен кај мене.

Отворено ве прашувам:

Кој тоа при здрав, прав, без никакви симптоми ме прави болен?

Дали некогаш сум боледувал од ковид-19 ако сите тестови покажуваат негативни резултати (PCR Negativ, IGM Negativ, IGG Negativ)?

Дали тестовите на Институтот за јавно здравје од 12 април со кои јас, членовите на штабот, градоначалникот сме огласени за позитивни се валидни и ако се работи за пропуст или „ненамерна“ грешка некој ќе одговара за тоа? Некогаш таа ненамерна грешка некого чини живот.

Зошто и по кој основ моите медицински испитувања направени во болницата Аџибадем Систина и платени лично од мене на 26 април биле предмет на истрага на Државен санитарен и здравствен инспекторат?

До кога и до каде ќе оди оваа стигматизација на нас граѓаните кои ја делиме оваа судбина во епидемијата и дали самите државни органи допринесуваат во истата?

Сите овие нелогични работи и случувања дооведуваат до едно прашање: дали и на кого му смета општинскиот штаб за заштита и спасување?

Очекувам најитен одговор од вас почитуван министер да го објасните однесувањето и постапките на органите под ваша надлежност.

Како социјалдемократ и човек што ја почитува работничката класа и Денот на трудот во периодот на празникот се воздржав од поставување од прашања поврзани со короната и наводната моја позитивност на болеста кога и други мои колеги и членови на штабот беа прогласени за позитивни. Денеска по празникот сакам отворено да ги поставам прашања.

Со почит,

Борис Станковски, пожарникар-спасител во ТППЕ Куманово“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе