Новиот бран на ковид-19 ги наполни болничките капацитети

Повторно над илјада хоспитализирани пациенти - само на Инфективната клиника 129 болни

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1015 лица и има околу 350 празни болнички кревети. Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во Скопје се хоспитализрани уште 55 пациенти. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Инфективната клиника заедно со мобиларната болница лекува 129 пациенти. Болницата во Прилеп се доближи до 100 пациенти болни од ковид-19.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје се отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" имало осум примени пациенти и тројца биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени осум пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има шест хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 428 пациенти потврдени и сомнителени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците надвор од Скопје пријавено е дека се лекуваат вкупно 587 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти, во болницата во Штип 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе