Пред крајот на учебната година

Повторно има делумен бојкот на наставата - дигиталните учебници како изговор

Во дел од училиштата во земјава од утрово повторно има делумен бојкот на наставата. Ученици се јавуваат кај класните раководители да известат дека ќе ја бојкотираат наставата. На прашањето зошто бојкотираат, тие немаат единствен одговор - или велат дека се солидарни со другите ученици или дека се против воведување на дигитални учебници, што пак, како реформа е најавено дека од септември ќе се спроведува само во четврто одделение од основното образование.

 Уште понелогични се одговорите од средношколците затоа што нив секако не ги тангира ваквата реформа, но велат дека мислат и за своите деца кога ќе ги имаат иако дотогаш никој не може да предвиди какви сѐ нови реформи ќе има и до каде ќе оди раззвојот на технологијата.

Бојкотот на наставата е инициран првично од фејсбук група „Учебници и настава мора да има" која апелира до родителите да ги повикаат своите деца преку отсуство од часовите со физичко присуство или со онлајн настава да изразат незадоволство од реформите. Повикот за бојкот е упатен и до основните и до средните училишта.

Оваа група најави можност и да организира протести, доколку не се стопира носењето на закон за учебниците, што како предлог Владата го усвои на крајот од минатиот месец и доколку претходно не се организира јавна расправа во која ќе учествуваат и претставници на групата.

Сепак, нема прекин на наставата во сите училишта, а во некои пак, од часовите не се отсутни сите деца. Некои ја користат оваа состојба да побараат од наставниците да ги поправат своите оценки.

Наставниците ги предупредуваат учениците дека за неоправдан бојкот следуваат неоправдани часови, поради што на крајот на годината ќе имаат намалено поведение што може да им создаде проблем при упис на факултет. Тие им укажуваат на учениците дека учебната година е приј крај и дека не им останува многу време не само да се помине целата наставна програма, туку нема да им остане време за да ги поправат оценките. Но учениците се надеваат дека нема да може сите ученици да бидат со намалено поведение и дека на крајот отсуствата ќе им бидат или неевидентирани или оправдани.

Директорите на училиштата минатата недела одржаа итни состаноци со наставниците, но и тие сега велат дека чекаат упатства од Министерството за образование. Од Министерството повеќе пати апелираа да нема бојкот на наставата објаснувајќи дека од конкретната реформа за дигитализација на учебниците никој нема да има штета и дека тоа не значи дека печатените учебници се исфрлаат од употреба. Се работи само за надоградба на образовниот процес во духот на напредокот на технологијата, велат од Министерството.

Против бојкотот на населението категорично минатата недела се изјасни и Сојузот на средношколци.

П.Џ.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе