МОН

Повик за учество на онлајн летна студентска програма на ЦЕРН

Младите од земјите во Југоисточна Европа, вклучително и од нашата земја, имаат можност преку SEEIIST (Mеѓународен институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа) да учествуваат во онлајн летна студентска програма на ЦЕРН (Европска организација за нуклеарни истражувања).

Во рамки на програмата се понудени повеќе различни теми за обработка, посветени на примената на современата технологија во работните процеси.

Право на аплицирање имаат студенти по физика, компјутерски науки, вештачка интелигенција, машинство, медицински технологии… Иако се работи за онлајн-програма, односно курс, учесниците ќе добијат стипендија (до 700 евра).

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 31 јануари 2021, објави МОН на својата веб-страницата, каде што е наведен и линк до апликацијата. 

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе