МОН

Повик за доделување финансиска поддршка за студенти

Министерството за образование и наука информира дека во тек е повик за доделување еднократна финансиска поддршка на студентите за плаќање на дел од партиципацијата во трошоците за студирање, дел од трошоците за сместување во студентски дом, односно на трошоците за приватно сместување.

„Право да аплицираат за една од понудените опции имаат сите студенти чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија, а се дел од семејни домаќинства со низок доход. Износот на еднократниот финансиски надомест изнесува до 6000 денари“, соопштија денеска од МОН.

Аплицирањето се врши на два начини, електронски или директно во Министерството за образование и наука.

Прв чекор во процесот на аплицирање е пријавување на кандидатите на платформата  www.digitalizirajse.mon.gov.mk,каде се одбира и начинот на кој ќе бидат доставени потребните документи и формулари (прикачени на посочената платформа). Повеќе информации околу условите, критериумите, документите и роковите за аплицирање се наведени во Уредбата со законска сила усвоена за реализација на оваа мерка за поддршка студентите, која е објавена на следниот линк href="http://mon.gov.mk/stored/document/Uredba_za_participacija.pdf

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе