Повик до научни установи и истражувачи за воспоставување Европска платформа за податоци за борба со КОВИД-19

Министерството за образование и наука согласно со одлуките на Европската комисија преку EOSC (European Open Science Cloud) објави повик до домашните научни истражувачи и високообразовни/научни установи за воспоставување Европска платформа за податоци за борба со пандемијата КОВИД-19.

Со цел подршка на иницијативата на Европската комисија за воспоставување на Европска КОВИД-19 платформа за податоци, МОН и номинираните национални претставници во Управниот одбор на EOSC (European Open Science Cloud) иницира собирање информации за сите релевантни истражувачки активности и ресурси кои можат да се стават на располагање за истражување на пандемијата COVID-19  и вирусот SARS-CoV-2.

-Во соработка со Европската комисија, а со поддршка на Управниот одбор на EOSC (EOSC Governance Board), отпочната е иницијатива за воспоставување Европска COVID-19 платформа за податоци за чија реализација е задолжен European Bioinformatics Institute (EMBL-EBI https://www.embl.org/news/science/embl-ebi-leads-international-collaboration-to-share-covid-19-research-data/). На состанокот на Управниот одбор на EOSC одржан на 25 март 2020 година, претставниците на земјите членки и земјите кандидати меѓу кои и Република Северна Македонија ја поддржаа оваа иницијатива и ја презедоа обврската да ги соберат и да ги достават податоците од своите матични држави, наведува МОН.

Европска КОВИД-19 платформа за податоци ќе се фокусира на собирање и споделување клинички и епидемиолошки сетови на податоци и резултати со цел забрзување на истражувањата за пронаоѓање на лекот за SARS-CoV-2 како и борба против COVID-19 пандемијата. Освен податоците, земјите се повикани да ги стават на располагање своите е-инфраструктурни ресурси со акцент на напредни компјутерски ресурси. Иако платформата е насочена на истражувања од доменот на биомедицинските области, сепак не помалку важни се и останатите истражувачки активности насочени на општествените, економските и образовните аспекти на оваа криза предизвикана од пандемијата КОВИД-19.

-Со воспоставување глобална платформа на податоци и научната сфера во Република Северна Македонија може да даде свој придонес во борбата против COVID-19 пандемијата и нејзините последици. За таа цел, ги повикуваме сите установи од оваа област, домашните научни истражувачи и истражувачките тимови, најдоцна до 10 април 2020 година да го пополнат прашалникот и со воспоставување на национална евиденција на релевантни истражувања и ресурси да помогнат во исполнувањето на оваа цел. Прашалникот е достапен на следните линкови. Доколку сте во можност, а и заради полесна размена на информациите со Европската комисија, ве молиме да го пополните прашалникот на англиски јазик. Овозможено е и пополнување на македонски јазик, соопшти МОН.

Прашалник на англиски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=en
Прашалник на македонски јазик http://survey.finki.ukim.mk/index.php/765226?lang=mk
Лица за контакт:
Светлана Пинева, МОН, svetlana.pineva@mon.gov.mk
Анастас Мишев, ФИНКИ, anastas.mishev@finki.ukim.mk  

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе