Повеќе од половина од активните случаи на ковид-19 се во Скопје

Вкупно 6.813 активни случаи на ковид-19, а повеќе од половината од нив, односно 3.413 се во Скопје. Потоа следуваат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден, има во Демир Капија и Пехчево.

Според податоците од Министерството за здравство, досега во земјава се направени вкупно 1.339.824 тестирања на ковид-19, а вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 196.762, бројката на оздравени пациенти е 183.027, а на починати е 6.922.

Само вчера, од 3.595 тестирања регистрирани беа 395 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти од кои најмладиот од Битола на 22 години, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин“ со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе