Вкупно 449 дарители донирале плазма, со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19.
„Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место – таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот. На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.