Поставен модуларниот ковид центар во Кичево, ќе има дополнителни 45 кревети

Во Кичево заврши изведбата и поставувањето на модуларниот ковид центар кој што на површина од 700квадратни метри има капацитет од најмалку 45 болнички легла, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Сега можното оптоварување со ковид пациенти нема воопшто да го наруши нормалното обезбедување на здравствени услуги. Исто така, започнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда. Со ова, значително ги подобруваме условите за престој и медицински третман на пациентите, но и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За неколку месеци, за првпат ќе биде инсталиран и апарат за компјутерска томографија“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил, додавајќи дека сктивно се вложува во здравствената инфраструктура, затоа што јавното здравје е заедничка одговорност.

Во рамки на посетата на Кичево, министерот Филипче направи увид и во новата болница, каде што започнува втората фаза од изградбата.

„Започнува втората фаза, ние ја најавивме пред неколку месеци. Со завршувањето на оваа втора фаза практично го заокружуваме целокупниот процес на развој на здравствениот сектор, за целиот регион. Граѓаните во овој регион заслужуваат да имаат современа болница по највисоки европски стандард“, рече Филипче и најави дека за неколку месеци ќе биде инсталиран апаратот за компјутерска томографија за првпат во болницата во Кичево. Со ова, пациентите повеќе нема да патуваат до околните градови и до Скопје за една ваква услуга.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе