Поплавени простории на КАРИЛ, пациентите се препраќаат во други болници

Откако дел од просториите се поплавиле по вчерашното невреме, привремено е затворена Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали.

„Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември" и КБ „Наум Охридски"; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово", се вели во соопштението. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе