Министерство за здравство

Помладите од 60 години кои примија Астразенека во Србија ќе мора таму и да се ревакцинираат

Новите 38 илјади дози од вакцината Астразенека кои вчера Македонија ги доби преку Ковакс механизмот на ЕУ ќе бидат наменети за ревакцинација на граѓаните над 60 години кои веќе примија прва доза од оваа вакцина. Министерството за здравство информира дека оваа вакцина ќе се дава само на граѓаните над 60 години и засега нема можност помладите кои се вакцинирале со Астразенека во Србија да бидат ревакцинирани во Македонија.

„Во нашата земја со Астразенека може да се ревакцинираат сите граѓани над 60 години, кои оваа вакцина ја примиле во Србија. Граѓани помлади од 60 години вакцинирани со Астразенека во Србија нема да се ревакцинираат во нашата земја“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Сегашните препораки се вакцините да не се мешаат, односно вакцина и ревакцина да се прима од ист производител. Сите граѓани помлади од 60 години кои во Србија се вакцинирале со Спутник V, Синофарм или Фајзер може да се ревакцинираат во нашата земја со вакцините од истите производители.

Од Стопанската комора информираат дека за македонските граѓани кои кон крајот на март се вакцинираа против ковид-19 во Србија во нивна организација обезбедена е ревакцинација на 19 и 20 јуни во Ниш, каде што и ја примија првата вакцина. Станува збор за 2.200 бизнисмени кои на 27 и 28 март ја примија првата доза од вакцината Астразенека во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум (КИФ) со седиште во Трст, а во организација на Стопанската комора на Србија.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески вели дека активноста на КИФ со вакцинацијата организрана од партнерската Стопанска комора на Србија за сите бизнисмени од регионот на дело ја покажа солидарноста на бизнисите од Западен Балкан, дури и во тешки услови во време на пандемија да се делува заеднички како Регион.

„И останатите активности предвидени за наредниот период ќе ја потврдат таа максима бидејќи регионалниот пристап во нашето работење нема алтернатива“, вели Азески.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе