Министерство за здравство

Помалку заболени со ковид-19, бројот на активни случаи под 3.000, вакцинацијата напредува

Бројот на новозаболени со коронавирусот во земјава се намалува, а кај граѓаните има интерес за вакцинација. Досега се вакцинирани над 200.000 граѓани, од кои 40.000 се ревакцинирани, што значи дека досега во земјава се дадени 240.000 дози на вакцини.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информира дека пријавени, а невакцинирани има 150.000 граѓани. Сите пријавени на возраст над 65 години заклучно со 13 мај, ќе бидат вакцинирани до крајот на оваа недела. Тоа опфаќа речиси 47 проценти од граѓаните над 70 години, односно речиси 40 проценти од граѓаните над 65 години.

Министерството за здравство подготвува кампањи за вакцинација, во очекување да пристигнат нови дози вакцини.

Во почетокот на наредната недела, пак се очекува и кај нас да биде воведен зелен пасош за патување. Зелениот пасош за граѓаните на Македонија кои се вакцинирале против коронавирусот, ќе важи и за оние кои се вакцинираа во Република Србија. Граѓаните се што треба да направат е да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.

„Кју-ар кодот ќе биде генериран и видлив во апликацијата и сите други кју-ар кодови наменети за ПЦР тестирања, од следната недела. За време на претстојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на „Мој термин“ што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата“, објасни министерот Филипче. Важно е, како што рече, освен документи во хартиена форма да имаме и апликација за што и да биде побарано од нашите граѓани при патување во која било земја ние да бидеме подготвени.

Тој посочи дека македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија.

Бројот на новозаразени во вчерашното деноноќие е 46 нови случаи на ковид-19 од направени 3.487 тестирања. Оздравени се 89 пациенти. Пријавени се вкупно 15 починати лица, од кои четири лица починале  во домашни, а останатите 11 во болнички услови.

Се намалува и бројот на приеми и на хоспитализирани. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава се лекуваат 379 ковид-пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Медицинскиот кадар е веќе вратен во своите болници, а во дел од нив во тек е темелно чистење и дезинфекција. Се ослободуваат болничките капацитети, а здравствените власти изразуваат надеж дека нема да се соочиме со некој нов бран. Велат дека се подготвени и знаат што и како треба да направат.

Досега во земјава се направени вкупно 769.471 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.982, бројката на оздравени пациенти е 146.721, на починати е 5.280, а бројот на активни случаи изнесува 2.981.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе