Според неделниот извештај, регистрирани сe 4.585 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 16,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (1.960 или 42,7%), со неделна инциденца – 221,6/100.000. Во истиот период процентот на позитивни од тестирани случаи на САРС-КоВ-2 изнесува 29,3% намалување од 5,5% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.343 или 29,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (885 или 19,3%), 30-39 (810 или 17,7%), 40-49 (801 или 17,5%) и 20-29 (509 или 11,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (59, односно 1,3%) и 10-19 години (178, односно 3,9%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 4.513 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 15,1% помалку во споредба со минатата недела.
Во овој период, според неделниот извештај на ИЈЗ, пријавени се 159 смртни случаи од 25 града, со намалување од 8,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 131 лице биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години, 8 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и три случаи од возрасната група од 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид-19 за периодот од 14 до 20.12.2020 г. како и кумулативната состојба со ковид-19 во Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.