Извештај на Институтот за јавно здравје

Помалку новозаболени и починати, повеќе оздравени од ковид-19

Институтот за јавно здравје во неделниот извештај за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на бројот на новозаболени и починати, а зголемување на бројот на оздравени лица од ковид-19 во споредба со претходната недела на известување.

Во овој период направени се вкупно 8.422 тестирања, а регистрирани се 917 позитивни случаи на ковид-19 што е за 186 случаи помалку од претходната недела. Во последните три недели има пад на бројот на новозаболени на неделно ниво, како и на процентот на позитивни случаи од тестирани кој што во периодот од 29 јуни до 5 јули изнесува 10.9%.

Случаи на ковид-19 се регистрирани во 25 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (45.9%) и во Тетово (10,3%), а во 17 градови во земјата во истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,9%, потоа лица од 50-59 години – 19,8%, забележано е благо намалување во однос на претходниот период кај лица помеѓу 40–49 години и благо зглемување на процентот кај лица помеѓу 30-39 и 20-29 години. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа од 0-9 години – 3.1%, и од 10-19 години – 4.1% од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите во овој период кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 113 лица или 13,4% што претставува намалување за 4% во однос на претходната недела на известување, а кај 205 лица или кај 25% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Во периодот 29 јуни до 5 јули, регистрирани се 46 смртни случаи, што е за 11 помалку од претходната недела на известување. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 67,4%. Кај 38 од смртните случаи (82,6%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Оздравени се водат 613 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 166 лица повеќе од претходната недела на известување (21-28 јуни). Ова е исто така важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на растот на активни случаи.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе