Во очекување на вакцините

Половината од пријавените граѓани за вакцинација се постари од 70 години

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk" за имунизација досега се пријавиле 71.900 граѓани, а 46.414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118.314 граѓани за вакцинација, 56.784 граѓани се на возраст над 70 години, односно, речиси половината од пријавените, велат во Министерството за здравство.

Што се однесува до текот на имунизацијата на здравствените работници која е започната со вакцините донирани од Србија, Министерството за здравство информира дека до денеска до 13.30 часот вакцината ја примиле 2.680 лица. 

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе