Министерство за здравство

Половина од активните случаи во Македонија се во Скопје, најмногу во Аеродром, Карпош и Центар

Бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.069. Од нив во Скопје се 2.983. Од скопските општини најмногу активни случаи (денеска, по завршување на епидемиолошките анкети) има во Аеродром 592, во Карпош 479 и Центар 476.

Следува скопската општина Гази Баба 353, Кисела Вода 332, Ѓорче Петров 240, Чаир 134, Бутел 122, Илинден 49, Сопиште 25, Сарај 23, Петровец 20, Шуто Оризари – 17, странци 14, Чучер Сандево 11, Арачиново и Зелениково по 9, Студеничани 6, нераспределени - 72.

Се полнат и болничките капацитети во Скопје. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Тука хоспитализирани се вкупно 108 пациенти, а тоа значи дека се полни и модуларното одделение. На кислородна поддршка се 80 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе