Поради непочитување на мерките и задоцнетото постапување на МВР

Полицискиот час се враќа во Скопје, Куманово, Штип и Тетово од утре од 21 до понеделник до 05 часот

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција соопшти дека на предлог на Комисијата за заразни болести Владата одлучила да го врати полицискиот час кој ќе започне од утре, четврток во 21 часот до понеделник во 05 часот. Полицискиот час се враќа во главниот град Скопје, во Куманово, Штип и Тетово. 

„Се воведува целосна забрана за движење во Скопје со сите скопски општини, Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) во 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро, во останатите градови за забранува движење од четврток во 16 часот до понеделник во 5 часот наутро“, рече Филипче.

Во останатите градови во државава полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до наредниот ден до 05 часот. 

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека ваквата одлука е заради непочитување на мерките од страна на граѓаните, но и заради задоцнетото постапување на МВР. 

Петок петти јуни се прогласува неработен за сите граѓани.

„Во перидот од четврток од 21 часот до понеделник 8 јуни до 5 часот се забранува посета на гробиштата освен во случај на погреби. И по 100 одржани прес-конференции и по 1.000 пати повторување да се почитуваат мерките, но сепак дел од граѓаните не сакаат да прифатат дека вирусот постои.Ние како лекари не можеме да направиме ништо без граѓените,рече Филипче.

Аптеките ке работат непречено, како и здравстевените установи. 

За од понеделник Филипче соопшти дека ќе се носат дополнителни одлуки. 

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе