Неизвесно е дали и денес ќе си заминат дома

Полицискиот час се ближи, 114 лица заглавени во кризните подрачја во Дебар и Центар Жупа чекаат документи за да одат дома во самоизолација

Вкупно 114 лица, дел скопјаните заглавени во викендичките во Долно Мелничани, но и наши и странски државјани кои беа сместени во дебарските бањи откако беше прогласена кризна состојба поради коронавирусот во Дебар и Центар Жупа, се уште не можат да се вратат во своите домови. Тие од утрово чекаат да тргне конвојот за да излезат од кризните подрачја, но сите ја немаат потребната документација, а веќе се ближи полицискиот час кој денес почнува во 16 часот и трае до 05 следниот ден.

Огнен Зафировски во телефонски разговор за МКД.мк потврди дека и денес чекаат да се вратат во Скопје, но не се знае дали тоа ќе се реализира бидејќи голем дел од лицата кои треба да си заминат во своите домови ја немаат потребната документација од Министерството за здравство.

Тој е заедно со уште еден сосед кој има викендичка во близина во Долно Мелничани, а третиот кој беше заглавен и е на 71 годишна возраст решил да остане во викендичката сметајќи дека така е побезбеден, отколку секој ден да оди до Бошков Мост и пак да го враќаат назад.

„Чекаме. И денес како и претходните денови. Не знаеме дали и денес ќе си заминеме дома каде потоа треба да бидеме во 14 дневна самоизолација. Дел од луѓето имаат документација од Министерството за здравство дека може да го напуштат кризното подрачје во Дебар која денес беше донесена со возило, но дел се уште чекаат. Би останал овде додека заврши се, но имам постара мајка која е сама во Скопје и затоа сакам да си заминам", раскажува Зафировски.

Странските и наши државјани кои заглавија во кризното подрачје и пред 2 дена тргнаа да си одам дома, но стасаа само до Бошков Мост. Од таму беа вратени назад бидејќи не биле тестирани.

Зафировски вели дека тестови за коронавирус не им направиле ниту денес, а им била дадена препорака дека откако ќе заминат од местото треба да бидат во 14 дневна изолација, по што потоа, доколку развијат симптоми да се јават за тестирање.

Овие луѓе ниту денес не знаат дали ќе бидат пуштени да заминат дома, но и дали ако тргнат кон Скопје и го пробијат полицискиот час би била пуштени без проблем.

„Се јавивме во полициската станица во Беко и им ја објаснивме состојбата. Од таму ни појаснија дека можно е ако стасаме за време на полицискиот час да бидеме приведени. Но се уште не се знае дали воопшто ќе тргнеме од овде", вели скопјанецот Зафировски кој веќе две недели е заглавен во својата викендичка, во која како што ни раскажа се нашол случајно доаѓајќи да одмори со пријателите.

Останатите кои пред две недели биле дојдени со него заминале за Скопје, а тој останал за да ја заклучи викендичката.

Бил вратен бидејќи кога тргнал да си оди веќе беше прогласена кризната состојба во Дебар и Центар Жупа.

Дали конвојот ќе тргне од кризните подрачја или овие лица од Бошков Мост повторно и денес ќе бидат вратени назад, очекуваме информација во текот на денешниот ден.

Од МВР ни беше одговорено дека доколку овие лица имаат документ од Министерство за здравство со кои им е дозволено да го напуштат ова подрачје, пунктовите на МВР кои го контролираат движењето за време на полицискиот час ќе бидат известени. 

К.Д.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе