Министерство за здравство

Полицискиот час продолжува, од утре ќе се разгледуваат можни нови рестриктивни мерки

 Полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи, а во текот на неделава ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки, информираат од Министерството за здравство.

Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше воведена на 10 март, а истекува утре.

Целта на неговото воведување, беше да се ограничи движењето и комуникацијата на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на вирусот.

Комисијата за заразни болести и министерот Венко Филипче очекуваат на почетокот на неделава резултати од полицискиот час што беше воведен пред 11 дена, и од нив ќе зависи новата проценка за воведување рестриктивни мерки кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти. 

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе