Главниот кризен штаб го прифати мислењето на лекарите

Полицискиот час и другите мерки ќе бидат продолжени за уште седум дена

Главниот координативен кризен штаб донесе став да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за продолжување на сегашните рестриктивни мерки и за продолжување на полицискиот час. Одлуката ќе ја донесе Владата на утрешната седница.

Комисијата за заразни болести смета дека даваат резултати рестриктивните мерки што се во сила и на Главниот координативен кризен штаб му предложи да донесе одлука за продолжување на мерките. Штабот пред малку го прифати предлогот и донесе одлука да ѝ предложи на Владата мерките да се продолжат за уште седум дена, по што состојбите со епидемијата повторно би биле разгледани.

Полицискиот час во траење од 20 до 5 часот и неработењето на угостителските објекти ќе останат во сила доколку Владата донесе одлука. За потоа се размислува угостителските објекти да можат да примаат гости само на отворен дел.

Во моментов угостителските објекти може да работат само со продавање храна преку штанд или со достава; работата на обложувачниците може да се одвива само преку шалтер или пулт; затворени се фитнес-центрите и спортските сали, а забрането е одржување на семинари, обуки и конференции со физичко присуство.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе