За продолжениот викенд

Полициски час од денеска во 11 до вторник во пет часот

И овој продолжен викенд ќе имаме зголемена рестрикција за движење на граѓаните. Забраната за движење почнува денеска во 11 часот, а ќе трае до вторник до 5 часот.

„Владата ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11 часот до вторник, 26-ти мај, до 5 часот“, стои во соопштението од владината прес-служба.

Претходно Комисијата за заразни болести до Владата поднесе предлог овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19 часот до вторник до 5 часот.

 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе