МВР информира

Полицијата изврши претрес на три фирми од Дојран заради фалсификувани ковид - сертификати

Поради сомнеж дека во казино се издаваат фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови, полицијата извршила претрес во просториите на три правни лица од Дојран. „Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран“, информираат од МВР.

„Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на ковид-19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневник (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на импровизираниот медицински пункт во казино во Стар Дојран“, велат од МВР.

Во соопштението се наведува дека по насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.

Инаку, деновиве во Грција медиумите јавуваат дека тамошните власти побарале да се испита работењето на казино од Дојран кое на гости од Грција им издавало негативни ПЦР тестови без да бидат тие и тестирани. Тамошните медиуми пишуваат дека во казина во непосредна близина на граничниот премин Дојрани-Дојран се издавале лажни ПЦР тестови од овластена лабараторија од земјава, без да се врши тестирање.

Целиот случај бил откриен кога во еден ден на граничниот премин Дојрани при случајно тестирање на 45 патници, 9 биле позитивни иако со себе имале потврда за негативен тест од коронавирус.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе