Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи се закани: Ако Владата не ни даде помош, ќе ги повлечам сите забрани за посета на џамиите

Реисот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи  побара од Владата „на ИВЗ да ѝ го даде делот од помошта што ѝ следува“. Во спротивно, изјавил Реџепи, тој предупреди за можноста за повлекување на апелите на ИВЗ да не се посетуваат верските објекти во врска со епидемијата, пренесува „Газета Лајм“. Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш, рече Реџепи.

Тој вели дека испратиле порака до вицепремиерот Бујар Османи како координатор на кризните штабови ИВЗ да го добие својот дел од помошта, но  досега немаат никаков одговор.

„Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата“, рекол Реџепи.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе