Министерство за образование

Почнува уписот на првачињата

Во основните училишта во земјава од денеска до 30 јуни ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година откако роковите за упис со уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со ковид-19.

Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15 јули треба да ги објават резултатите.

Владата во петокот на седница усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

Според протоколот,  уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

 Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира.

На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе