Почна скринингот на критични категории на пациенти од ковид-19

Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за ковид-19.

„Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека е ова најдобриот пристап, затоа што и на тие несвесни носители на вирусот ќе бидеме во можност контактите да ги ставиме во изолација. Затоа и го крстивме таргетиран скрининг“, рече министерот Филипче.

На територија на целата држава се отворени пунктови за земање брисови од пациенти кои се упатени од матични лекари по претходен скрининг за ковид-19 во просториите на Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, а за Град Скопје во поликлиниките на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Таргетираниот скрининг за вработените во градинките се спроведува по посебен протокол и со земање на брисеви во пунктовите со веќе дефинирано работното време од 08.00 до 14.00 часот.

Закажувањето на земање на брис за вработени во градинки се врши преку договор помеѓу надлежниот Центар за јавно здравје или Подрачна единица од територијата на соодветниот ЦЈЗ/ПЕ. Распоредот за земање на брисеви по денови е согласно табеларен распоред. Се применува Протокол за земање на брис од пунктови за скрининг на лица во ризик од ковид-19 во однос на користење на ЛЗО и земање на биолошки материјал.

Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје, како што соопшти Министерството за здравство, направија план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критична категорија. Во овој скрининг ќе бидат тестирани здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, пациенти со хронични болести кои беа одложувани, пациенти на биолошка терапија.

Скринингот ќе се прави со ПСР тестови, а целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот - односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми. Со оваа стратегија, ќе се овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително зголемување на бројот на тестови.

 

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе