Министерство за здравство

Починатиот притвореник бил заразен од коронавирусот, преземени мерки во затворот во Шутка

На Инфективната клиника во Скопје во последните 24 часа примени се пет нови пациенти и сега вкупно тука има вкупно 68, од кои со потешка клиничка слика има 20, а 7 се во критична состојба на респираторна машина. Мајката и  4 месечното бебе од Кочани се со стабилна клиничка слика, бебето е во стабилна здравствена состојба, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.

Кај 4 од пациентите се чека и вториот контролен тест и ако и вториот тест е негативен ќе бидат пуштени дома.

Во болницата „8 Септември“ во Скопје има 25 пациенти, 5 од нив се во потешка состојба. На инфективното одделение во болницата во Битола има 4 пациенти, тројца се во стабилна состојба, а еден е со кислородна поддршка. Се следат пациентите кои се на домашно лекување.  Во болницата во Штип има 4 пациенти кои се со станбилна клиничка слика и се со лесна форма на болеста.

Филипче информираше дека денеска ќе се отворат понудите за респираторни машини, а во тек е и набавката на 3.000 реагенски за лабораторијата во Институтот за јавно здравје.

„Притвореникот во затворот во Шутка кој починал вчера од срцев удар немал никакви сипмтоми, немал висока температуриа но по обдукцијата се покажа дека бил позитивен на ковид-19 и сега во тек се епидемиолошки анкети на сите со кои бил во контакт. Во домот за стари лица во Битола штитетник бил примен на 18 март, а по неколку дена брисот дал позитивен резултат. На сите вработени и штитеници им е земен брис и извршено е темелно чистење на домот“, рече Филипче.

На Инфективната клиника во Скопје се запазени сите протоколи кај вработените за користење на заштитна опрема, вели министерот Филипче.

„Во врска со оние пациенти кај кои влошувањето настанува нагло Филипче посочи дека станува збор за болест која има непредвидлив тек и влошувањето доаѓа многу нагло. Смртноста на пациентите поставени на респираторни машина е висок, односно дури 97 отсто. За жал многу малку пациенти успеваат да се изборат со тој процес", рече министерот Филипче.

Во врска со починатиот осуденик на кого после смртта му бил дијагностициран ковид-19, министерот појасни дека да заврши увидот на епидемиолозите , па ќе се донесе одлука за тоа дали ќе има пуштање на затвореници дома.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе