Пораки за вакцина стигнуваат кај починати или во погрешни градови, Министерството вели граѓаните згрешиле при аплицирањето

Починати граѓани добиваат СМС пораки со термин, локација и време за вакцинација. Роднини на починатите тврдат дека иако имаат обврска да ја пријават смртта на нивните блиски, веројатно тие информации не стасуваат и до системот на Министерството за здравство, од каде им праќаат пораки за термин за вакцина. Постојат случаи и кога граѓани тврдат дека аплицирале за вакцинација во друг град, а добиваат порака за вакцинирање на сосема друго место.

Со умрените граѓани, веројатно е направен пропуст во добивањето на податоците дека тие веќе не се живи. Биле пријавени за вакцинација и чекајќи термин, се заразиле и починале. 

Граѓаните реагираат дека треба да се обрне внимание на ваквиот проблем бидејќи оние термини кои се резервирани за починати граѓани, ако МЗ има информации за нив дека повеќе не се живи, ќе значи ослободување на термин и вакцинација за оние на кои вакцината за заштита од ковид-19 навистина им е потребна. 

Од Министерството за здравство велат дека по серијата информации од граѓани во јавноста, претежно на социјалните мрежи, дека за вакцинација добивале СМС пораки за да се вакцинираат во друг град, а не каде што живеат системот Мој Термин направил анализа и ја увидел следната состојба, односно дека граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат. Од МЗ велат дека поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале.

Од таму информира сите граѓани кои се соочиле со ваков проблем и од таа причина не се појавиле вчера на вакцинација истото да го сторат денеска, во местото каде живеат, односно на вакциналниот пункт во нивниот град.
Не е потребно повторно да се пријават ниту на vakcinacija.mk ниту кај својот матичен лекар, доволно е кога ќе дојдат на вакциналниот пункт да ја покажат пораката која ја добиле односно каде пишува дека вчера имале термин за вакцинација. Ова важи за сите граѓани кои и денеска или во наредните денови ќе се соочат со овој проблем, велат од МЗ.

Освен салите за масовна вакцинација во Скопје, Куманово, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Битола, вакциналните пунктови работат и во здравствените установи во Струмица, Прилеп, Гостивар, Кичево, Струга, Велес, Кочани, Дебар и Гевгелија.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да го почитуваат терминот, односно времето кое го добиле за вакцинација, за да не се создаваат гужвина вакциналните пунктови и повикуваат граѓаните кои не се пријаени за вакцинација, тоа да го сторат што поскоро.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе