Дневна статистика на Министерството за здравство

Починаа уште четири пациенти, нови 389 случаи на ковид-19

Во последните 24 часа починаа четворица болни од ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Регистрани се 389 нови позитивни случаи на вирусот од направени 2.445 тестирања, а бројот на активни случаи изнесува 5.933. Како оздравени се запишани 998 пациенти.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 140, Прилеп - 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.

Регистрирани се 998 оздравени пациенти од:
Скопје – 620, Куманово – 36, Тетово – 35, Охрид – 33, Струмица – 28, Кавадарци, Велес и Гостивар – по 25, Битола – 18, Ресен и Дебар – по 16, Делчево и Штип – по 15, Прилеп и Гевгелија – по 13, Неготино, Струга и Кичево – по 8, Пробиштип и Македонска Каменица – по 5, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево – по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово – по 2, Берово, Свети Николе и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 4 починати лица. Починати се по еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г).
Тројца пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Направените 2.445 теста се преку: ИЈЗ-491, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-264, Биотек-199, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина-209, лабораторија Лаор–172, МАНУ-117, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-44, Ремедика-15, лабораторија болница Козле-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 694, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-7, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 476.725 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.736, бројката на оздравени пациенти е 86.844, на починати е 2.959, а бројот на активни случаи изнесува 5.933.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 41.823, активни 2.778
Куманово 5.317, активни 240
Тетово 5.221, активни 211
Прилеп 4.709, активни 200
Гостивар 3674, активни 117
Штип 3.544, активни 78
Битола 3.293, активни 121
Велес 3.228, активни 216
Охрид 2.972, активни 350
Кавадарци 2.835, активни 367
Струмица 2.598, активни 142
Струга 2.287, активни 151
Кочани 1.760, активни 53
Кичево 1.743, активни 78
Свети Николе 1.094, активни 23
Гевгелија 1.055, активни 97
Неготино 1.012, активни 71
Дебар 777, активни 53
Ресен 767, активни 63
Крива Паланка 750, активни 41
Радовиш 733, активни 47
Делчево 688, активни 201
Берово 614, активни 31
Пробиштип 516, активни 18
Виница 503, активни 26
Валандово 332, активни 9
Демир Хисар 254, активни 11
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 244, активни 22
Богданци 227, активни 5
Крушево 226, активни 38
Демир Капија 226, активни 47
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 90, активни 10

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе