Ковид биланс

Починаа уште 15 лица, регистрирани 444 нови случаи на ковид-19

Во изминатите 24 часа се регистрирани 444 нови случаи на ковид-19 од направени 3.210 тестирања, односно позитивни се 14 отсто од тестираните. Оздравеле 225 пациенти, а починале осум на возраст од 46 до 88 години. Дополнително се регистрирани уште седум лица кои починале во периодот од 3 септември до 24 октомври, информира Министерството за здравство. 

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка - 22, Штип – 20, во Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, во Тетово и Кочани по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија по 9, Неготино и Ресен по 7, Берово – 5, Свети Николе – 4, во Кичево, Радовиш и Пробиштип по 3, во Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица по 2 и во Виница, Пехчево и Дојран по 1.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8,  Велес  – 7, Гевгелија – 6, од Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар по 4, Штип и Пробиштип по 3, од Кавадарци, Радовиш и Кичево по 2, а од Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 2 починати лица од Скопје (56г и 46г) и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Сите осуммина се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица со датум на смрт од 03.09.2021 година до 24.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои 5 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Направените 3.210 тестови се преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово–65, ЦЈЗ Куманово-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–156, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-109, Биотек-142, Систина-53, лабораторија Лаор-107, Синлаб-20, Ремедика-17, Плодност–33, Генеа-4, Никоб лаб-314, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика –20, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.411. Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, на починати е 7.087, а бројот на активни случаи изнесува 6.395.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 87.908, Активни 3.203

Куманово 12.195, Активни 455

Тетово 10.980, Активни 119

Прилеп 9.408, Активни 257

Гостивар 7.998, Активни 25

Битола 7.378, Активни 216

Велес 6.739, Активни 328

Кавадарци 6.227, Активни 211

Охрид 6.142, Активни 192

Штип 6.101, Активни 207

Струмица 5.901, Активни 136

Кичево 4.084, Активни 70

Струга 3.838, Активни 42

Кочани 3.530, Активни 176

Гевгелија 2.543, Активни 84

Неготино 2.371, Активни 39

Свети Николе 1.997, Активни 78

Крива Паланка 1.616, Активни 140

Радовиш 1.588, Активни 45

Ресен 1.583, Активни 43

Дебар 1.453, Активни 5

Берово 1.233, Активни 21

Делчево 1.153, Активни 33

Виница 1.084, Активни 35

Пробиштип 998, Активни 54

Валандово 850, Активни 23

Кратово 639, Активни 32

Богданци 584, Активни 27

Крушево 546, Активни 15

Демир Хисар 481, Активни 34

Македонски Брод 477, Активни 2

Демир Капија 410, Активни 1

Македонска Каменица 356, Активни 40

Пехчево 320, Активни 4

Дојран 145, Активни 3

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе