Епидемиолошка состојба

Починаа 15 лица од ковид-19, нови 389 случаи на болеста, 61 реинфекција

Во последните 24 часа регистрирани се 389 случаи на инфекција со ковид-19 од направени 2.624 тестови. Како последица од компликации од болеста починале 7 лица, а во регистерот на умрени се запишани уште 8 лица кои борбата со болеста ја загубиле минатиот месец, од нив 6 починале дома. Од почетокот на пандемијата во земјава се направени над 1,9 милиони тестирања на ковид-19, речиси колку што Македонија има жители.

Новите 389 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во следните градови:

Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Куманово – 36, Битола – 34, Велес и Прилеп – по 25, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово – 19, Гевгелија – 16, Кичево – 15, Штип – 11, Гостивар, Радовиш и Струга – по 7, Струмица и Крушево – по 6, Неготино и Македонски Брод – по 5, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 4, Делчево, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Ресен и Свети Николе – по 2, Кратово, Демир Хисар, Берово и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62.до 96 години. Лицата за починати се пријавени во период од 19 до 26 февруари. Од пријавените, 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.624 тестови преку: ИЈЗ-238, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-53, Биотек-81, Систина-65, лабораторија Лаор-55, Синлаб-3, Ремедика-8, Плодност-26, Генеа-17, Никоб Лаб-259, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-25, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.168.

Досега во земјата се направени вкупно 1.901.296 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.049, бројот на оздравени пациенти е 287.127, на починати е 9.065 а бројот на активни случаи изнесува 2.857.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139.458, Активни 1.525
Куманово 16.286, Активни 144
Битола 14.313, Активни 154
Прилеп 13.627, Активни 146
Тетово 13.324, Активни 84
Кавадарци 10.183, Активни 114
Велес 9.489, Активни 122
Гостивар 9.450, Активни 50
Охрид 8.530, Активни 62
Струмица 7.915, Активни 35
Штип 7.911, Активни 33
Кичево 5.440, Активни 59
Кочани 4.980, Активни 21
Струга 4.651, Активни 34
Гевгелија 4.275, Активни 56
Неготино 3.613, Активни 32
Свети Николе 2.604, Активни 14
Ресен 2.601, Активни 49
Радовиш 2.478, Активни 9
Крива Паланка 2.380, Активни 29
Делчево 1.900, Активни 9
Дебар 1.642, Активни 9
Берово 1.627, Активни 3
Валандово 1.458, Активни 2
Виница 1.350, Активни 5
Пробиштип 1.259, Активни 8
Богданци 1.002, Активни 13
Кратово 937, Активни 9
Крушево 905, Активни 2
Демир Хисар 813, Активни 11
Македонски Брод 729, Активни 2
Демир Капија 579, Активни 7
Македонска Каменица 521, Активни 4
Пехчево 481, Активни 0
Дојран 338, Активни 1

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе