Се работи за дете со вродена аномалија на черепот

Почина шестмесечно бебе, било заразено со ковид-19

Институтот за јавно здравје денеска во извештајот доставен до Министерството за здравство, пријави починато бебе на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 3 јануари годинава. Бебето имало вродена аномалија на черепот, а било заразено со ковид-19. 

„Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално“, соопштија денес од МЗ. 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе