На само неколку месеци пред пензионирањето

Почина првиот лекар од компликации од ковид-19

Во Градската општа болница ,,8 Септември" во Скопје, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Информацијава утрово на својот Фејбук профил ја објави министерот за здравство, Венко Филипче кој напиша дека д-р. Деари бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но и позитивен на ковид-19.

„По 15 дена болничко лекување ја загуби битката со болеста. Д-р Деари кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на корона вирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоклите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани", напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе