Жална вест

Почина професорот Каранфилски, основач на нуклеарната медицина во Македонија

Во 92-та година од животот почина професорот Борислав Каранфилски, еден од основачите на нуклеарната медицина во нашата земја, експерт по патофизиологија и тиреологија.

Тој има исклучтително значење и посебен придонес за основањето на амбулантата за заболувања на тироидната жлезда, која ја развивал и унапредувал во континуитет.

Борислав Каранфилски судирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде дипломирал 1955-та, а  две години подоцна ја завршил школата за примена на радиоактивни изотопи во институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград.

1977-та година бил избран за редовен професор, а професионално се усовршувал во реномирани клиники во Шведска, Англија, СССР и САД.

Каранфилски вршел повеќе значајни функции во здравствениот систем, бил директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со нуклеарна медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ. Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на нуклеарна медицина на Југославија.

Професорот Каранфилски е автор на повеќе од 180 трудови, кои биле објавени во домашни и странски специјализирани медицински списанија, додека бил автор или коавтор и на 8 учебници и 5 монографии од нуклеарната медицини и патофизиологијата.

За својот придонес во развојот на македонската медицина, добил повеќе значајни награди и признанија, меѓу кои наградата „11 Октомври” за животно дело, Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Републиката со сребрен венец и други.

Погребот на професорот Борислав Каранфилски ќе биде извршен утре на градските гробишта во Скопје.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе