„Пациентката синоќа беше задржана на болничко лекување. Имала проблеми со дишење, изразена кашлица и болки во градите. Иако имала симптоми на корона, не била тестирана и не се води како позитивен случај. Во текот на ноќта состојбата на пациентката драматично и се влоши, а утрово почина. Нема коморбидитети освен обезност. Пациентката не е вакцинирана“, ни изјави директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска.
На барање на лекарите врз телото на починатата пациентка ќе биде направена обдукција која ќе треба да ги утврди причините поради кои толку брзо и се влошила состојбата и таа починала.
Во Битола периодов кога е зголемен бројот на случаи на ковид-19 има 1.456 позитивни пациенти.