Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат

Бухова: По пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината во сите болници

Ние сме постојано на терен. Немаме затекнато некој неовластено да престојува во ковид-болниците. За надзорите по 8 септември, кога се случи несреќата со пожарот во Тетово, далеку е поголема дисциплината и е промената атмосферата во сите болници по овој несреќен случај, изјави денеска во Утрински брифинг, д-р Ирина Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. 

Во врска со вакцинацијата во нејзината институција д-р Бухова вели дека во ДЗСИ сите се или вакцинирани или имаат прележано ковид и се во период кога се чека пред вакцинација. Од медицинскиот персонал што ДЗСИ го контролираше вчера, Бухова вели дека повеќето се вакцинирани, но оние помалку кои не се немаат ингеренции да ги поттикнуваат на тоа затоа што вакцинацијата не е задолжителна.

„Мојот личен став е дека сите лица вработени во медицински установи би требало задолжително да бидат вакцинирани“, рече Бухова за Утрински брифинг.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе