Влада

По маркетите и трговските центри мерките за заштита ќе важат и 200 дена по престанок на вонредната состојба

Уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која вчера ја усвои Владата.

Согласно Уредбата треба да се постават соодветни ознаки со кои ќе се обележи правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Трговецот треба да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе