Имунизација

По грешка прво ја добил втората доза од вакцината Спутник V и сега бара гаранции од Министерството за здравство

Пред три недели жител на Скопје во А1 Арената за првпат бил вакциниран против коронавирусот, меѓутоа кога го добил вакциналниот картон, му станало јасно дека всушност ја добил втората доза од вакцината Спутник V, а не првата. Од Министерството за здравство признаваат дека е направена грешка и велат дека лицето ќе се ревакцинира со првата доза.

Според пишувањето на „Слободен печат“, роднините сега бараат од Министерството за здравство на писмено да им гарантираат дека со него ќе биде сѐ во ред. Одговор немаат.

„Затоа не знаеме дали ќе му биде добро, дали да оди во понеделник да ја прими другата доза, со оглед на тоа дека првиот пат прими доза во погрешен редослед“, велат неговите роднини.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе