Изјава на министерот за здравство

По 17 години разговори за нов Клинички центар во игра се три локации, вели министерот Сали

Се размислува за три опции каде би се градел нов Клинички центар, тоа се локации во населбата Ѓорче Петров, во касарната „Илинден", а на трета  веќе има болница, каде сѐ би се надградило и би се проширила дејноста, изјави министерот за здравство Беким Сали. Тој рече дека за нов Клинички центар се разговара веќе 17 години, а дека и тој самиот смета дека со нова Универзитетска клиника здравствениот систем би се унапредил.

Фото: Едно од идејните решенија

Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, изјави министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека можни локаци се Ѓорче Петров, но и Илинден, како и уште локација каде има болница.

Сали вели дека покрај самата градба, битен е организацискиот дел, споеноста на клиниките, соработката односно конзилијарната соработка меѓу клиникит.

„Реално имаме маки во препраќање од една клиника во друга клиника и мнозина од нас сме се соочиле во некакви околности. Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто. Една од опциите е касарната 'Илинден'. Три позиции се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена тоа зависи прво, освен политичкиот дел што сметам дека не е главен, ќе биде во делот на катастарските услови – дали може да се гради и за колку би се градела“, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на новиот линеарен акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Размислуваме како работна група, нагласи министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради таму каде што би требало да трошиме долнителни средства поради  оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа воглавно било и причина за блокирање на таков еден предлог.

„Во техничкиот дел сѐ уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука“, рече Сали.

Во врска со Законот за новиот Клинички центар, рече дека се чини дека ќе биде повлечен, но и дека не е донесена дефинитивна одлука.

Легенда под Главна слика

Фото: Едно од идејните решенија

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе