Министерство за здравство

План за подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата

Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8 Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во државата.

Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, беше усвоена и информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ – Универзитетска клиника за кардиологија.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе