Петровска: Во автомобил да се возат најмногу тројца, вклучително и возачот

Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, е едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен  заменик на министерот за внатрешни работи.

На инфоративната видеосесија за ограничувањата на движењата на граѓаните, односно полицискиот час со цел спречување на ширењето на коронавирусот Петровска прецизираше дека патниците во автомобилот треба да имаат заштитна опрема, ракавици и маска.

Доколку излегуваат на терен, односно се работи за службено патување, за тоа е потребно да имаат и дозвола за движење која е издадена од работодавачот, рече Петровска.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе