Петнаесет импланти вградени на пациенти на Клиниката за уво, нос и грло

Петнаесет кохлеарни импланти им се вградени на пациенти на Универзитетската клиника за уво, нос и грло. Средствата и годинава ги обезбеди Фондот за здравствено осигурување. Неопходен е неонатален скрининг кај децата, кој ќе овозможи рана дијагностика на оштетувањето на нивниот слух. Трошоците за вградувањето на кохлеарните импланти, пост-оперативниот период и периодот на рехабилитација кај децата кај кои се утврдува можност за ваков вид интервенција ги покрива Фондот.

Ова денеска на прес-конференција го истакна раководителот на Одделот за аудиологија и отонеурологија на Клиниката, проф.д-р Марина Давчева Чакар, која претседава со 17.Европскиот балкански конгрес за кохлеарни импланти и врвни технологии на слушни помагала, што се одржува во Скопје.

Таа посочи дека 20 до 25 пациенти секоја година чекаат да им бидат вградени кохлеарни импланти и ако многу чекаaт за да им бидат вградени децата стареат, а возраста е основен предуслов за бенефитот од кохлеарната имплантација.

„Горди сме што во нашата држава се спроведува една од најсовремените методи за третман на глувите и на лицата со тешко оштетување на слухот. Просечната возраст на која децата со оштетување на слухот се идентификуваат на Клиниката е две ипол години. Во големите светски центри има еден месец интрахоспитален скрининг, уште еден скрининг пред излегување од болница и дијагностика има на третиот месец по раѓање, а интервенција има на шестиот месец после раѓањето. Ако детето се имплантира после двегодишна возраст шансите се намалуваат за правилно развивање на јазикот и говорот и тие деца значително ќе се разликуваат од нивните врсници кои слушаат и говорат“, рече проф.д-р Давчева Чакар.

Таа појасни дека нивните досегашни искуства покажуваат дека децата имплантирани пред 18-месечна возраст имаат шанси за побрзо развивање на говорот и јазикот, за побрзо препознавање на звуците од околината и побрзо развивање на комуникативните вештини.

„Ако детето не слуша кога е родено секој месец и изгубен. Неонаталниот скрининг ќе ни овозможи што порана идентификација и дијагностика. Имаме еден апарат за скрининг на бебињата на Клиниката. Но, на скрининг не подлежат сите бебиња. И бебе нормално родено и бебе кое не е родено предвремено може да има тешко оштетување на слухот. Мојата студија покажува дека наследната глувост како да го зема приматот за причината за тешките оштетувања на слухот. Ако е така скринингот треба да биде универзален не само за бебиња кои се предвремено родени и се со висок ризик, туку да ги опфати сите деца. Подобро е детето се имплантира во првите месеци“, истакна проф.д-р Давчева Чакар.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека во државава нема неонатален скрининг на слухот на новородените деца и тоа значи дека не можат да имаат точен увид колку деца имаат тешко оштетување на слухот, колку деца се глуви и колкава е годишната потреба за кохлеарни импланти.

Хирургот Бесим Зекири, кој е дел од тимот на Клиниката за уво, нос и грло, рече дека вградувањето кохлеарни импланти е современа и безбедна хирушка постапка и дека е многу е битно кога родителите кои ќе забележат кај своите деца оштетување на слух или намален слух да отидат кај матичниот лекар или на Клиниката каде навремено ќе се постави дијагноза и ќе бидат третирани хирушки, а потоа и ќе бидат рехабилитирани.

Претставникот на австриската компанија MED-EL, која е водечки провајдер на системи и импланти за слух во светот, Евалд Турнер истакна дека државава во изминатите неколку години постигнала значителен напредок во спроведувањето на програмата за вградување кохлеарни импланти за слух.

„Вградувањето имплант уште од рана возраст ми овозможи одлично да го користам слухот и да комуницирам со околината без никакви пречки, истакна 19-годишната Катерина Мутовиќ“, ученичка во средното медицинско училиште во Скопје. 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе