Докторите апелираат да се внимава

Пет млади момчиња на скопските клиники, сите тешко повредени од скок во вода

Сакале да скокнат на глава во вода, но завршиле на Клинички. Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил кои при скок во вода сериозно го повредиле вратниот 'рбет.

Директорот на клиниките за телевизија Сител вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.

„Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава, тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко, за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам: Не ме доведувајте во ситуација да неможам да ви помогнам“, вели д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе