Филипче за измена на Законот за здравствена заштита

Пензионираните лекари може да работат како консултанти и може да бидат со договор ангажирани во болницата

Во изминатиот период од повеќе од три години сме вработиле околу осум илјади луѓе во здравствениот систем, на определено и неопределено доктори и медицински сестри. Секогаш има финансии и за вработување и за зголемување на платите на лекарите специјалисти кои се сега практично дуплирани, но мора да се има на ум дека доктор не се станува преку ноќ, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Годинава, посочи, помина програмата, одобрени се близу 500 специјализации, стотина супспецијализации исто така ќе се пуштат и тоа е процес на едукација, а со пензионирањето секогаш се губи експерт кој со години работел во полето и затоа работиме на измена на Законот за здравствена заштита што ќе овозможи флексибилност.

„Во еден дел Законот веќе го спомнавме, пензионираните лекари може да работат како консултанти, тие не може да имаат факсимил, но може да бидат со договор ангажирани во болницата, да служат исто како и во сите други земји и во Европа и во САД. Драгоцено е нивното искуство и преносот на знаење и верувам дека ќе сакаат да се ангажираат со цел да ги едуцираат помладите, а на активно вработените со оваа нова измена на Законот да им овозможиме флексибилност да после завршувањето на работното време да може и да работат и да дежураат во другите јавно здравствени установи. Прво, да заработат дополнително, а второ да се приближи здравствената услуга до граѓаните таму каде што во нивните јавно здравствени установи нема специјалисти од таа специјалност“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со недостигот од супспецијалисти во Клиничката болница во Битола и доктори поради заминување во пензија.

Посочи дека многу детали се во прашање, затоа не брзаат со поднесувањето на законот.

„Ќе отвориме и јавна дебата. Сакаме да го продискутираме и со другите политички партии во Собранието, има начелна согласност, сите се волни да партиципираат во овој процес, со коморите, со синдикатите. Засега нема некој кој негативно се изразил во однос на ова промена. Меѓутоа, мора добро да се смисли, ова е имплементирање на новини во нашиот систем некаква комбинација од тоа што е систем во САД и Велика Британија за тоа како функционираат лекарите со цел да живеат, и да работат и да заработат од тоа во кое што цел живот инвестирале, зошто докторот после работното време да има кафеана или да гради зграда, а да не може да биде доктор. Тоа сакаме да го смениме“, додаде Филипче.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе