четврток, 18 април 2024

Научна конференција во Охрид: Културното наследство и туризмот

Институтот за културно наследство и археологија Скопје, Факултетот за туризам и угостителство Охрид, Општина Охрид и Стопанска комора на Македонија ја организира дводневната национална конференција на тема „Културното наследство и туризмот: меѓународни стандарди и локален развој“.

Објавено на

часот

Сподели

Поздравни обраќања на конференцијата имаа амбасадорот на Словачка Хенрик Маркус, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, деканката на Факултетот за туризам проф. д-р Снежана Дическа и претседателот на научниот одбор на Институтот проф. д-р Љубен Тевдовски.

Пленарно предавање на конференцијата имаше Јордан Плевнеш, поранешен амбасадор во УНЕСКО.

Во текот на овие два дена на конференцијата ќе се разгледуваат важни аспекти на поврзаноста на културното наследство и туризмот. Тоа се два сектори кои се навидум различни, но всушност се поврзани еден со друг. Во тој контекст, најважните меѓународни организации и институции како УНЕСКО, ИКОМОС, ИУЦН, Центарот за светско наследство, Советот на Европа, Светската туристичка организација, ОЕЦД, имаат посебни оддели и издаваат официјални документи кои се фокусираат на развивање на врските и потенцијалите на културниот туризам.

Се очекува на оваа дводневна национална конференција, на кој учество ќе земат триесеттина професори и експерти од повеќе универзитети од земјата и странство, како и претставници од локалната самоуправа и бизнис секторот, да се донесат заклучоци кои ќе трасираат насоки за идниот развој и поврзување на културното наследство и туризмот преку нови и иновативни решенија, што ќе најдат примена кај сите чинители на локалниот развој, а тоа се бизнисот, јавните институции и невладиниот сектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ