четврток, 25 април 2024

Манчестер Сити без проблеми ги освои трите бода кај Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити одигра доминантен меч кај Брајтон, победи со убедливи 4-0 и освои три бода кои им се исклучително важни во трката за шампионската титула.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Пеп Гвардиола лесно го преброди гостувањето кое на хартија изгледаше дека може да биде незгодно.

Манчестер Сити поведе уште во 17. минута со гол на Де Брујне, а потоа следуваа два гола на Фил Фоден. Предноста на полувремето беше 3-0, уште тогаш беше јасно кој ќе биде победникот на овој меч.

Во второто полувреме гол даде и Алварез за конечна победа од 4-0.

Манчестер Сити сега има еден бод помалку од лидерот Арсенал, но има и еден натпревар помалку од топчиите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ