Шефот на државата во Гостивар

Пендаровски апелира граѓаните да се вакцинираат

Процесот на вакцинација да се одвива контиунирано до целосна имунизација на населението, а личната одговорност на секој граѓанин е еден од предусловите за побрзо и побезбедно стекнување на колективен имунитет, порача претседателот на државата Стево Пендаровски при денешната посета на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош во Гостивар.

Директорот на здравствениот дом Јасмин Синани го информирал претседателот за моментално опфатените целни групи во кои се вакцинираат граѓани над 77 години со постепено намалување на возрасната граница над 60 годишна возраст. Согласно динамиката, дневно се вакцинираат околу 50 граѓани.

За време на посетата, како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендаровски разговарал и со медицинските лица задолжени за вакцинација кои истакнале дека процесот се одвива непречено според календарот на имунизација.

Граѓаните кои денеска се вакцинирале упатиле апел до сите граѓани да се вакцинираат бидејќи со тоа, според нив, се спасуваат животи.

Пендаровски ја посетил и службата на Итната медицинска помош каде бил информиран за бројот на интервенции на дневно ниво поврзани со пандемијата, како и за тоа дека медицинскиот персонал е веќе вакциниран со исклучок на оние вработени кои закрепнуваат од Ковид-19

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе